Општо

Водоводџивката од Њујорк

Џудалин Касиди е водоводџивка во Њујорк повеќе од две децении. Таа го владее нејзиниот занает и е на исто ниво на професионалност со  мажите во градежната индустрија во која тие доминираат. Во моментот Џудалин е вработена во New York City Housing Authority (NYCHA).

Покрај тоа што е една од првите жени што се истакнале во оваа професија, таа била и првата жена што била избрана да биде членка во Одборот за Водоводџии. Џудалина исто така, помогнала да се створи првиот Комитет за жени водоводџивки и станала првата претседателка на истиот.

Водена од нејзината лична мисија да инспирира повеќе жени и девојчиња да станат квалификувани професионалки во машки професии, таа во 2017 ја основала првата од ваков вид непрофитна организација toolsandtiaras.org. Преку практични, менторски работилници и летни кампови предводени од жени-лидерки трговки, нејзината организација ги воведува девојките и младите жени во квалификувани занаети да постанат идни електричарки, столарки, водоводџивки и автомеханичарки. На девојките им се подигнува свеста за овие наградувачки и профитабилни опции за кариера, преку кои учат и непроценливи животни вештини.

Таа во интервујо за страната womenyoushouldknow.net изјавува: “ Мојата облека од понеделник-петок (понекогаш сабота и недела) е онаа на градежен работник во сина боја. Обично не давам значење како луѓето ме гледаат во мојата валкана градежна облека. Но еднаш тоа ме погоди”- вели Џудалина.

“Одев дома според препораките за растојание од 2 метри. Еден човек што ме разминуваше ме забележа и почна да  паничи покривајќи ги носот и устата со кошулата и покрај тоа што тој самиот беше многу блиску до други минувачи, без заштитна маска. Го споделувам ова затоа што луѓето не се свесни за ризикот што го превземаат моите сестри и браќа кои се исто така градежни работници и кои прават сѐ да ги заштитат граѓаните”.

“Кога седите дома гледајќи „Нетфликс“, додава таа – уживате во топлина, ефтина тарифа на  струја и работите од дома, моите луѓе се на првите редови и ви ја даваат таа привилегија за вие и вашето семејство да бидете безбедни. Водата е живот! Водоводџиите ја носат до  вашите домови, да не мора да пешачите со километри за да ја набавите. Бидете благодарни за целиот персонал што го штити здравјето на нацијата” изјавува Џудалина со насмевка.