Општо

The Handsmaid’s Tale – суровата вистина

Кога The Handmaid’s Tale ја започна својата прва сезона, приказната беше веднаш поддржана од многу жени како гласен плач за феминистичкиот отпор. Сликата на девојки со црвени наметки и бели капи со нагласен феминистички текст стана популарна преку ноќ. Од  впечатливи пароли што ги носеа членките на Женскиот Марш, до донации од групи жени кои протестираат против регресивна и опасна политика што ја загрозуваат женската автономија и репродуктивните слободи. Постои впечатливо чувство кај многу феминистки дека гледањето на The Handmaid’s Tale е значајно и покрај фактот дека и во многу други емисии на телевизија, во секоја епизода во даден момент гледаме свет каде што насилството врз жените е константно.

Во емисиите како True Detective и Game of Thrones, ликот на жената често се критикува токму затоа што женското страдање е претставено како забава. Она што се случува во оваа малку поинаква серија е различно, бидејќи насилството врз жените се третира како своевидна приказна за моралот. Во текот на првите шест епизоди од втората сезона, гледаме женски ликови кои се удирани, тепани, именувани, силувани, киднапирани, психолошки измачувани и физички и емотивно измамени. Голем дел од насилството врз жените го прават жените – слугинките се во рацете на сопругите на кои им е потребна послушност и потчинетост. Многу од најнезгодните сцени на шоуто не се оние на насилно насилство, туку застрашувачки сцени од оплодување на жени кои што раѓаат деца за неплодните жени и овие вторите ја слават бременоста со необични церемонии што го прават хуманото не само невидливо, туку и помалку од човечко.

Елизабет Мос која ја толкува главната улога изјавува за Гардијан:  “Ова се случува во реалниот живот. Мразам кога слушам дека некој не може да ја следи серијата, бидејќи е премногу страшно“,вели таа. „Не затоа што се грижам за тоа дали го гледаат моето ТВ шоу- не ми е гајле. Но, навистина? Немате сила за да гледате ТВ-серија? Ова се случува во вашиот реален живот. Разбудете се, луѓе! Разбуди се.'”

Доколку сакате да видите што е вистината, без да се плашите од неа, погледнете ја The Handmaid’s Tale.