Општо

Албанија протестира – Не значи Не

После шокантните откритија за сексуална злоупотреба на 15 годишна тинејџерка оваа недела, жените излегоа на улиците на главниот град Тирана во Албанија, во четвртокот во знак на протест против сексуалното насилство и културата за обвинување на жртвите, а не за сторителите.

Неколку стотици активистки за права, протестираа во Тирана во четвртокот против сексуалното насилство, откако земјата се шокираше оваа недела кога полицијата соопшти дека уапсила неколку тинејџери и 65-годишен чувар на училиште за злоупотреба на 15-годишно девојче со времетраење од околу две години . Известувањата во вестите покажаа како, наместо да најдат утеха, семејството на жртвата наишла на непријателски графити напишани на ѕидовите од непознати лица, обвинувајќи ја жртвата.

Активистките го организираа протестот под слоганите „Вие не сте сами“, „Имате многу сестри“ и „Владата е силувач“.

Демонстрантите, исто така, ја осудија, како што ја нарекоа културата на молчење и недостаток на емпатија, покажано од поширокото општество во Албанија кон жртвите на сексуално насилство.