Општо

Првата Афроамериканка инженерка во НАСА – Мери Џексон

Приказната за Мери Џексон беше раскажана во филмот „Hidden Figures“ во 2016 година. Родена во Хемптон, Вирџинија, таа била една од првите Афроамериканки кои работела во НАСА.

„Без криење, ние ќе продолжиме да ги признаваме придонесите на Афроамериканките кои ја направија успешна историјата на истражување на НАСА“, се вели во изјавата на НАСА администраторот Џим Бриденштајн.

„Мери Џексон беше дел од групата на  најважните жени кои ѝ помогнаа на НАСА  да успее да ги однесе американските астронаути во вселената“, додаде Бриденштајн. „Марија никогаш не прифати статус кво статус, таа помогна да се пробијат бариерите и да се отворат можностите за Афроамериканките во областа на инженерството и технологијата“.

НАСА започна да регрутира некои академски образовани жени од Афроамериканско потекло уште во 1940-тите, но тие искусиле и расна и родова дискриминација при нивната  работа.

Мери Џексон беше регрутирана во 1951 година од страна на Националниот советодавен комитет за аеронаутика, кој го наследи НАСА во 1958 година. Таа работеше во одделената единица за компјутери во западната област во Лангли, Вирџинија.

Џексон починала во 2005 година и во 2019 година постхумно ѝ беше доделен Конгресниот златен медал. Минатата година, НАСА го преименува седиштето во Вашингтон по нејзиното име.

Нејзината ќерка, Каролин Луис, рече дека на  семејството им претставува чест што НАСА продолжува да ја слави работата на Мери Џексон. „Таа беше научник, хуманитарка, сопруга, мајка и една од првите жени која го отвори патот на  илјадници други да успеат, не само во НАСА, туку и низ целата нација“изјави таа за BBC.

Афроамериканките во историјата биле доста родово дискиминирани, најпрво заради тоа што се Афроамериканки , а потоа затоа што се жени. Вакви приказни можат да ни служат  за пример како може да се пробие патот кон која и да е цел.