Интервјуа, Мој став

СЕКОЈДНЕВНИ ХЕРОИНИ – Ана Пепељугоска Костовска

Во рамки на серијалот „Секојдневни Хероини“ започнуваме со интервјуа на жени кои секој ден прават по некој успех, без да се фалат со тоа. Жени што се справуваат со различни предизвици стоејќи и секојдневно се борат. Жени кои имаат огромно животно искуство кое споделено со други ќе придонесе за зајакнување на позициите на жените воопшто. Денес разговараме со Ана Пепељугоска Костовска, Адвокатка/Партнерка во Адвокатско друштво Пепељугоски.

Еднакви.мк: Кој момент го сметате како пресвртница во својот живот, односно Ви оставил најголемо влијание во животот?

Моментот кога ја одбранив мојата докторска дисертација на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Еднакви.мк: Што мислите дека им е потребно на жените во Македонија?

Поголема храброст, самостојност, истрајност, самодоверба.

Еднакви.мк: Кој е најважниот совет што некогаш сте го дале некому?

Она што можеш да го завршиш денес, не го оставај за утре.

Еднакви.мк: Што би им препорачале на одлучувачите да направат за жените во Македонија?

Моја препорака е да има поголема инклузивност на жените и секако поголема достапност на раководни позиции како во приватниот, така и во јавниот сектор.

Еднакви.мк: Доколку можете да промените три работи, кои би биле тие?

  • Подобрување на образовниот систем;
  • Подигнување на животниот стандард;
  • Спречување на сите облици на дискриминација.

Еднакви.мк: Што би им препорачале на младите жени кои се сеуште несигурни во себе?

Среќата ги следи храбрите. Бидете храбри и верувајте во своите одлуки.