Интервјуа, Мој став

СЕКОЈДНЕВНИ ХЕРОИНИ – Милена Јованова

Во рамки на серијалот „Секојдневни Хероини“ започнуваме со интервјуа на жени кои секој ден прават по некој успех, без да се фалат со тоа. Жени што се справуваат со различни предизвици стоејќи и секојдневно се борат. Жени кои имаат огромно животно искуство кое споделено со други ќе придонесе за зајакнување на позициите на жените воопшто. Денес разговараме со Д- р Милена Јованова.

Еднакви.мк: Кој момент го сметате како пресвртница во својот живот, односно Ви оставил најголемо влијание во животот?

Милена Јованова: Моментот кога станав мајка. Моментот кога престануваш да живееш само за себе.

Еднакви.мк: Што мислите дека им е потребно на жените во Македонија?

Милена Јованова: Да бидат погласни !!! Да не се плашат да го покажат пред светот својот дар,што и да е,каков и да е!

Еднакви.мк: Кој е најважниот совет што некогаш сте го дале некому?

Милена Јованова: Што и да одлучиш да бидеш, биди најдобра во тоа !!!

Еднакви.мк: Што би им препорачале на одлучувачите да направат за жените во Македонија?

Милена Јованова: Да им дадат шанса. Толку !!!

Еднакви.мк: Доколку можете да промените три работи, кои би биле тие?

Милена Јованова: Не би променила ништо. Добрите луѓе и искуства ни дале спомени, оние лошите пак ни биле лекции. И без едните и без другите не би биле она што сме денес.

Еднакви.мк: Што би им препорачале на младите жени кои се сеуште несигурни во себе?

Милена Јованова: Единствената пречка меѓу вас и успехот сте вие и само вие. Некогаш мора да се тргне,да се почне,да се скокне !!! И најдолгите патишта почнуваат со еден чекор.