Вести

Честитка од Државната секретарка на МВР по повод денот на Македонската полиција

Трибината на тема „Жените во безбедносните служби“ во организација на Советот на Македонскиот полициски синдикат за МВР се одржа во Центарот за обука на МВР, како дел од одбележувањето на “7-ми Мај“, денот на Македонската полиција. На трибината свое обраќање имаше и Магдалена Несторовска, Државна секретарка на Министерството за внатрешни работи. Во продолжение ви пренесуваме дел од нејзиното обраќање.

„Долги години низ историјата беше вообичаено безбедносната сфера да биде перцепирана како машка професија во која жените ретко имале свое место, а уште помалку столче на зелената  маса. Нема да згрешам ако кажам дека родовите стереотипи најжилави се покажале во безбедносната сфера. Патријахалната слика на жената мајка, сопруга и домаќинка, целосно се спротивни со сликата на жена во униформа, со оружје во рака или на раководна позиција во безбедносните структури.

Денес, Република Македонија како активна членка на ООН, СЕ, ОБСЕ и кандидат за членство во ЕУ и НАТО, 20180502_101817ги имплементира насоките на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените CEDAW и Резолуцијата 1325 за жените, мирот и безбедноста преку одредбите на Законот за еднакви можности на жените и мажите и другите законски акти кои ја вклучуваат родовата димензија. Со Резолуцијата 1325 на Генералното Собрание на Организацијата на Обединетите Нации „Жени, мир и безбедност“ се даде голем исчекор напред кон афирмирање на еднаквата партиципација и полното вклучување на жените во одржување на мирот и безбедноста, како и спречување на конфликтите.

Република Македонија во изминатиот период презема повеќе активности – Националниот акциски план за жените мирот и безбедноста (ЖМБ) 2018-2022  претставува патоказ за Владата на Република Македонија во исполнување на приоритетите од Резолуцијата 1325 и последователните Резолуции за ЖМБ во однос на учеството на жените во управувањето со кризи и градењето на мирот, и истиот се очекува да биде усвоен од страна на Владата во наредниот период.

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија работи постојано на реафирмирање на важноста од вклучување на жените во своите редови. Во Стратегијата за развој на полицијата 2016-2020 година потенцирана е заложбата за развој на полицијата преку примена на родовиот принцип.

Важно е да се спомене дека во МВР жени поставени на раководни функции се: позицијата на Државниот секретар, три жени помошнички на министерот и две од шест, се помошнички директори во Бирото за јавна безбедност.

И нема да биде нескромно ако кажам дека жените своите работи и задачи ги вршат на препознатлив начин, со исполнителност, посветеност, чесност.

Дека жените се покажуваат како многу совесни и дисциплинирани работници, го потврдуваат и овие податоци, во однос на спроведените дисциплински постапки кои се водат за вработени во Министерството:

  • 2015 година жени 18, мажи 666;
  • 2016: жени 23, мажи 374;
  • 2017: жени 31, мажи 495 и
  • 2018 (заклучно со 27.04): жени 7, мажи 176.

Иста така, би сакала да истакнам дека во Министерството за внатрешни работи бројот на жени – полицајки бележи тренд на зголемување, од вкупниот број на вработени лица 19.87% се жени (9453 се мажи и 2344 жени). Споредбено, податоците за жени-полицајки во 2013 година, изнесуваше 335 додека во 2018 година бројот на жени-полицајки изнесува 589.

Почнувајќи од 2012 година, со распишување на јавниот оглас за работно место „полицаец“, Министерството за внатрешни работи им овозможува под еднакви услови на двата пола,  да ги демонстрираат своите способности, со примена на различни критериуми за мажи и жени,приспособени на родовите карактеристики.

Воедно, Министерството за внатрешни работи спроведува обуки поврзани со родово базирано насилство на своите вработени преку експерти во наведената област а кандидатите за полицајци кои се упатени на основна20180502_101630 обука за полицаец во Центарот за обука во Идризово, задолжително се обучуваат од областа на семејното насилство.

“Прирачникот за полициски службеници за обезбедување на родово сензитивни услуги за поддршка на лица кои претрпеле семејно насилство“, кој се очекува да биде промовиран во текот на месец мај 2018 година и согласно кој ќе се обучуваат поголем број на полициски службеници од Министерството за внатрешни работи.“

Таа истакна дека стереотипите за жените во безбедносниот сектор се неточни. Според неа неточно е дека нема жени лидерки, дека жените не се толку амбициозни или пак дека обврските во безбедносниот сектор се психофизички претешки за жените