Интервјуа

Силвиа Рита Соуза, авторка и советничка

Силвија Рита Соуза активно учествува во политиката и учествува во координирање на различни изборни кампањи, како на пример за претседателската функција, на државните влади, Градскиот совет, Пратеничкиот дом и Сенатот. Таа е советник за политичките партии и невладините организации за идентификување и зајакнување на жените лидерки да се натпреваруваат за јавна функција.
Таа е автор на книгата “Жената кандидатка: Кандидатура за победа” и подготвува втора книга “Жената граѓанка” насочена кон жените кои сакаат да учествуваат во донесувањето на одлуки во земјата, без да бидат избрани.
Таа исто така е советник во Советот за правата на жените од федерален округ, во кој се наоѓа главниот град Бразилија. Советот за правата на жените од федерален округ, има за цел да се обезбеди целосно познавање на жените за нивното учество и нивните лидерски позиција во економски, социјални, политички и културен развој на DF, во потрага по нивната автономија и еманципација.
Силвија е член на WDN – Демократска мрежа на жените и член на REBRA – Бразилската мрежа на жените писателки, кои работат во партнерство со WORLD – Светската организација на жените за правата, литература и развој и REPORT – Мрежа на жените писателки од Латинска Америка .
 
Еднакви.мк: Зошто се залагате за родова еднаквост?
Силвиа Рита Соуза: Воспоставувањето на еднакви права на мажите и жените е директно поврзано со одржлив развој на општествата и да си бранител на еднаквост меѓу мажите и жените е исто толку важно како и борба против семејното насилство, обезбедување на едукација на децата и поттикне и зајакне населението со ниски приходи. Важно е да ги научиме младите дека правата треба да бидат исти, исто како и можностите. Важноста на ова прашање е несомнена и родова рамноправност е третата Милениумска развојна цел на Обединетите нации (ОН), “Унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените”. Всушност, важноста на улогата на жените во одржливиот развој на општеството повеќе не е чисто теоретско прашање или само интелектуална дискусија. Тоа е всушност итна реалност, обединувајќи ги жените од целиот свет во подигање на свеста на основната улога на жените во светот, за да може да се оствари одржлив развој.
Еднакви.мк:  Дали некогаш сте биле дискриминирани врз основа на вашиот пол или сте биле сведок на полова дискриминација?
Силвиа Рита Соуза: Видливо и јасно, јас никогаш не се почувствував дека сум дискриминирана поради тоа што сум жена, но знаеме дека сите жени се предмет на дискриминација на девна основа. Дискриминацијата се појавува во сите форми: во јавниот превоз, во здравството, во платена или неплатена работа, образованието и политиката. На пример, стереотипите кои постојат во општеството создаваат помалку поволни услови за пристап, задржување и унапредување на жените на пазарот на трудот. Условите и квалитетот на работата, исто така соработуваат со посточките  бариерите со кои се соочуваат жените. Така, постои поголем процент на жени кои немаат пристап до работа, поради социјалната улога што ја имаат во семејството и домашните обврски. Повеќето жени вршат активности поврзани со областа на заштита, со помалку социјален престиж и посиромашни услови за работа. Од друга страна, мажите обично ги извршуваат занимања со поголем социјален престиж и подобра плата. Во Бразил, жените се 51% од населението и во моментов се грижат за  37,3% од домаќинствата. Бразилките и понатаму добиваат помала плата за еднаква работа во однос на истата изведена од страна на мажите.
Еднакви.мк: Дали жените се доволно консултирани кога се донесуваат одлуки?
Силвиа Рита Соуза: Иако имаме жена претседател (Дилма Русеф) тоа не предизвика поголемо присуство на жените во политичката моќ во Бразил. Во Бразил имаме дводомен систем (Сенатот и Претставничкиот дом). Само 13 од вкупно 81 сенатори се жени и во Конгресот на 513 пратеници само 51 се жени, што многу мал број. Ниското учество на жените во политиката не одговара на улогата која жените ја имаат во други области на активност. Во Бразил ние сме мнозинство од населението, а веќе и ги надминавме мажите во сите нивоа на образование и технички знаења. Исклучувањето на жените  политичката власт е последната граница која треба да биде надмината. Јас разбирам дека отсуството на жените во политичката моќ не е праведно во однос на придонесот што жените го имаат во целото општество.
Еднакви.мк: Што мислите дека треба да се промени за подобрување на родовата еднаквост?
Силвиа Рита Соуза: Не е недостатокот на интерес кај жените во политиката кој ги попречува нивните номинации на избори, но влијанието на партиите, кои се уште преферираат машка застапеност. За зголемување на учеството на жените во политичката моќ во Бразил треба да спроведат политички реформи кои ги вклучуваат, меѓу другите промени, финансирањето на јавната кампања и промената на формата на листите на кандидати поднесени од страна на политичките партии воведувајќи застапеност маж-жена-маж-жена, заради постигнување на родов паритет. Тоа е важно не само за да се изберат жените во политичката моќ, туку и бидејќи избраните жени ќе бидат посветени на работата со перспектива на родовата нееднаквост при определување на проектите и на јавните политики. Ни требаат јавни политики кои ќе сметаат и на потребите на жената и на потребите на семејството. Ние треба да размислуваме за овие потреби во областа на здравството, образованието, транспортот, економијата, работата, грижата за децата, и грижата за стари лица, меѓу другите теми. И воопшто, жените имаат тенденција да бидат почувствителни на овие потреби.
Еднакви.мк: Што ќе биде Вашата лична порака до надежните млади лидерки?
Силвиа Рита Соуза: Верувајте! Можно е да се трансформира општеството во кое живееме и да се промени историјата на човештвото! Од време на време ќе треба да почекаме, да се подготви и посее земјата. Во други случаи, време е да се ожнее тоа што сме го посеале. Од каде ќе се појават нови жени политичарки? Сигурно нема да дојдат од група на млади луѓе добро сместени и незадоволни од сè. Новото политичко лидерство ќе биде создадено од организирани групи на млади луѓе кои научиле дека мора да се борат за победа за да создадат подобар свет за идните генерации. Новата политика ќе доаѓа од млади идеалисти кои веруваат дека промената започнува во рамките на секој од нас и понатаму се шири низ целото општество. За младите жени кои се стремат кон политички врв сакам да оставам порака на надеж, мотивација и доверба дека секој е во можност да ги надмине бариерите кои ги наметнува општеството. На човештвото му треба секој од вас!