Вести

Барак Обама – „Еве како изгледа феминист“

Постојат голем број на тешки аспекти да се биде Претседател. Но, постојат и некои предности. Среќавањето на сите извонредни луѓе низ целата земја. Раководење на канцеларија, од каде што ќе добиете можност да направите разлика во животот на нашиот народ. Авионот Air Force One.
Но, можеби најголемиот неочекуван подарок од оваа работа живеењето над продавницата. Многу години, мојот живот беше обземен од долги патувања – од мојот дом во Чикаго до Спрингфилд, Илиноис, како сенатор, а потоа и до Вашингтон, D.C., како сенатор на САД. Тоа значи дека често морав да работам повеќе за да бидам таков сопруг и татко каков што сакам да бидам.
Но, за изминатите седум и пол години, тоа патување е намалено на 45 секунди, време кое е потребно за да отидам од мојата дневна соба до Овалниот кабинет. Како резултат на тоа, јас имав можност да поминам многу повеќе време во гледање на моите ќерки, како растат во паметни, забавни, љубезни, barak i kerkiпрекрасни млади жени.
Ни тоа не е секогаш лесно, – да ги гледаш како се подготвуваат да го напуштат гнездото. Но, едно нешто што ме прави оптимист за нив е дека ова е извонредно време да се биде жена. Напредокот што е направен во изминатите 100 години, 50 години, и, да, дури и во изминатите осум години го направи животот многу подобар за моите ќерки отколку што беше за моите баби. И јас го велам ова не само како Претседател, но и како феминист.
Јас сум сведок како жените ја освоија слободата да прават свој избор за тоа како ќе го живеат животот, за своето тело, својата едукација, својата кариера, своите финансии. Поминаа деновите кога им беше потребен маж за да имаат кредитна картичка. Всушност, повеќе жени отколку кога било, во брак или не, се финансиски независни.
Затоа не треба да се минимизира тоа што сме го постигнале. Тоа ќе им направи мечкина услуга на сите оние кои ги поминаа нивните животи борејќи се за правда. Во исто време, има уште многу работи што треба да се направат за да се подобрат изгледите за жените и девојките, во целиот свет. И додека јас ќе продолжам да работам на добри политики, – од еднаква плата за еднаква работа до заштита на репродуктивните права, – има некои промени, кои немаат никаква врска со донесување на нови закони.
Всушност, најважната промена можеби е најтешката од сите – а тоа е да се промениме себеси.
Треба да продолжиме да ги менуваме ставовите што ги поттикнуваат нашите девојки да бидат скромни, а нашите момчиња да бидат наметливи, во кое се критикуваат нашите ќерки за зборување и нашите синови за пролевање солза. Ние треба да продолжиме да ги менуваме ставовите според кои се казнуваат жените за нивната сексуалност, а се наградуваат мажите за нивната сексуалност.
Ние треба да продолжиме да го менуваме односот кој дозволува рутински вознемирувања на жените, без разлика дали тие се шетаат по улица или се осмелуваат да одат онлајн. Ние треба да продолжиме да го менуваве ставот кој ги учи мажите да се чувствуваат загрозени од присуството и успехот на жените.
Ние треба да продолжиме да го менуваме ставот дека треба да му се честита на мажот за менување на пелени, да се жигосуваат татковци со полно работно време, и се казнуваат вработените мајки. Ние треба да продолжиме да го менуваме односот кој цени сигурност, конкурентност и амбициозност на работното место, – освен ако сте жена. Тогаш вие се однесувате премногу шефовски, и одеднаш истите тие квалитети кои мислевте дека биле потребни за успех всушност ве влечат назад.
Борбата против сексизмот е апсолутно обврска и на мажите. И како сопружници и партнери и љубовници, ние треба да работиме напорно и да бидеме намерно фокусирани да работиме на создавање навистина еднакви односи.
Тоа е она за што се залага феминизмот на дваесет и првиот век: идејата дека кога сите се еднакви, сите ние сме послободни.
Неофицијален превод на текстот, кој е превземен од www.glamour.com.