Мој став

РепортерКа – За кои работи жалиме?!

Изминативе неколку дена разгледував истражувања кои се бават со човечката психологија и се обидуваат да дознаат за кои работи најмногу жалиме. Скоро сите ги даваат истите резултати и во САД, и во Велика Британија и во ФранцијаЈапонија, Русија и Кина. Поголемиот процент од луѓето чувствуваат жалење за работите што не ги направиле или чекорите што не ги превземале отклку за работи кои ги направиле, а имале негативен исход.
Замислете го ова сценарио, адаптирано од книга на Даниел Гилберт, психолог на Харвард Универзитетот. Ви се случува додека преарувате некои стари кутии, да најдете пакет на стари обврзници, кои вашата баба ги купила за вас кога сте биле дете. Планирате да уновчите некои од нив и да ги инвестирате во компанија, но сте зафатени и никогаш не стигате да го направите тоа. Дознавате две години подоцна дека ако сте инвестирале во компанијата А, ќе сте биле за $ 1.000 побогати.
Сега замислете второ сценарио. Ќе ги најдете заборавените обврзници од баба ви. Одлучувате да ги инвестирате во компанијата Б. Две години подоцна, дознавате дека да сте ги оставеле да  продолжат со собирање прашина и да не сте инвестирале, ќе сте биле за $ 1.000 побогати.
Во двата случаи, сте направиле грешка. Прашањето е, која грешка предизвикува поголемо жалење на долг рок? Истражување на Даниел Канеман и Амос Тверски покажува дека повеќето од нас, девет од десет, очекуваат дека би чувствувале повеќе жалење во второто сценарио, кога инвестирале лошо. Никој не сака да изгледа или да се чувствува како будала, и глупава акција ни се чини дека е многу полоша отколку глупава мрзеливост. Но, она што е изненадувачки е што повеќето од нас грешат со таквото мислење, барем на долг рок. Истражувањата, студија по студија, покажуваат дека ние жалиме краткотрајно за глупавите работи што сме ги направиле, но тоа жалење исчезнува брзо, обично во рок од две до три недели. Но жалењето за работите што не сме ги направиле, за пропуштените можности? Тие траат со години.
Се разбира ова не значи дека треба да се залетуваме да ја зграбиме секоја пружена можност. Треба малку похрабро да ги разгледуваме можностите и да се одлучуваме да преземаме активности доколку барем и најмалку тие можности не носат поблиску до нашата крајна цел.