Мој став

Секојдневни Хероини – Весна Рафајловска

Во рамки на серијалот „Секојдневни Хероини“ започнуваме со интервјуа на жени кои секој ден прават по некој успех, без да се фалат со тоа. Жени што се справуваат со различни предизвици стоејќи и секојдневно се борат. Жени кои имаат огромно животно искуство кое споделено со други ќе придонесе за зајакнување на позициите на жените воопшто. Денес разговараме со Весна Рафајловска.

 

Еднакви.мк: Кој момент го сметате како пресвртница во својот живот, односно Ви оставил најголемо влијание во животот?

Весна Рафајловска: Како што растев така и созревав и учев дека животот не не гали како што гали мајка дете. Дека плачењето не е само на детето, туку и ние возрасните плачеме. Но, со загубата на најмилата личност сватив дека секоја секунда што ја трошам на лутина и вознемиреност фактички ми е украдена од среќата во животот.  

 

Еднакви.мк: Што мислите дека им е најпотребно на жените во Македонија?

Весна Рафајловска: Во 21век треба да бараме нешто што и е најпотребно на жената…не е малкуrafajlovska тажно? Ми се чини дека на Балканот најпотребно е жената да е ценета и тоа како дома така и во општеството. Но, рамноправноста (што ја зборуваме) не е и целиот товар на семејството да го носи таа, а мажот ,,глуми,, само партнер.

Еднакви.мк: Кој е најважниот совет што некогаш сте го дале некому?

Весна Рафајловска: Кога ,,оговараш,, за момент стави се во чевлите на личноста за која зборувате и ако почувствувате за миг болка, верувајте дека таа личност многу повеќе боледува.

Еднакви.мк: Што би им порачале на одлучувачите да направат за жените во Македонија?

Весна Рафајловска: Најдобра препорака е да и се најде вистинското место во општеството, односно споособностите да ги изедначат со можностите, трудот вложен во семејството и работата да се поистоветат и реално да се валоризираат и само тогаш жената ќе биде ценета.

 

Еднакви.мк: Што би им порачале на младите жени кои сè уште се несигурни во себе?

Весна Рафајловска: Секој сон да го реализираат, да бидат тоа што посакуваат бидејќи животот ни дава само една шанса и треба да се искористи.