Општо

Жени- хероини и борци во војни

Примери на жени кои оделе на воени полиња во време на војна имало кај нас , како и низ светот. Еве неколку од нив:

Веселинка Малинска е родена во Куманово (1917- 1987). Била учесничка во Народно-ослободителната војна  и вршителка на политички функции после ослободувањето.

Ја завршила Трговската академија во Ниш и била студентка на Високата економско-комерцијална школа во Загреб. Веселинка била истакната активистка во Кумановското студентско друштво. Подоцна студирала во Белград, каде што била секретарка на Месниот одбор на Народната помош.

Наскоро заминала како борец во Вториот скопски партизански одред (октомври 1942 – јануари 1943), а потоа се илегализирала кај јатаци на Скопка Црна Гора, од каде што заминала на планината Караорман да служи како секретар на Агитпроп при  Главнот штаб на Народно-ослободителната војска. Била избрана за делегатка на АВНОЈ и одговорна уредничка на списанието “Илинденски пат”, делегатка и втор секретар на работното Претседателство на Првото заседание н референт на Поверенството за информации (од 14 август 1944), како и  уредничка на списанието “Македонка” (од ноември 1944).

По oслободувањето, била секретар на Главниот одбор на Антифашистичкиот Фронт на Жените за Македонија, ја завршила Вишата политичка школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Белград и  била главна и одговорна уредничка на весникот ”Нова Македонија”, директорка на Радио Македонија, претседателка на Здружението на новинарите на Македонија и републичка и сојузна пратеничка. Била претседателка на Универзитетскиот совет на Универзитетот ”Кирил и Методиј” во Скопје .

Фана Кочовска – Цветковиќ е родена на 27 Јули 1927 во село Лавци, Битолско, а умира во Скопје на 17 април 2004 година. Таа била македонска комунистка и  првоборец. Била најмлада прогласена народна хероина на Југославија.

Фана Кочовска- Цветковиќ

Со неполни 14 години станала младинска активистка. Во 1942 година била партизанка во Битолскиот партизански одред “Гоце Делчев“ и младински раководител во Батаљонот “Стив Наумов”. Учествувала и во Февруарскиот поход во 1944 година.

По Ослободувањето вршела високи општествени и државни функции.

Во текот на Американската Револуционерна Војна и Првата Светска Војна, жените, за да можат да одат на воените полиња, се облекувале во машки униформи  и се жртвувале за своите земји, борејќи се за да му служат на својот народ.

Дебора Сампсон како жена и преправена како маж (десно)

Една од нив е Дебора Сампсон  (17 декември 1760 – 29 април 1827) родена во Масачусетс, Америка. Дебора 17 месеци му служела на армијата за време на Американската Револуционерна Војна под името Роберт Ширтлиф. Во 1782 била ранета и една година подоцна била испратена со највисоки почести од армијата во Њујорк.

Уште еден ваков пример е германката Викторија Савс родена во 1899 година, која исто така служела во војска преправена во маж. Таа му служела на Австро-Унгарската војска за време на Првата Светска Војна на Италијанскиот Фронт. Нејзиното војничко име било Виктор и таа

Викторија Савс

превземала многу тешки задачи, носејќи пораки преку фронтовите. Во 1918 година, ногата и ја сече граната и таа е префлена во болница во Тирол, Австрија, каде и е откиен половиот идентитет и нејзината служба е прекината. По ампутирањето на нејзината нога, таа продолжува со работа во Австрискиот Црвен Крст до крајот на војната. Викторија исто така добива многу медали за храброст како признание.