Општо

Самурајки кои историјата ги заборавила

Во модерната поп култура повеќето приказни се за самураите, ги нема приказните за легендарните Јапонски самурајки. Но спротивно од верувањето, жени самурајки постоеле и биле исто способни и вешти  како и машките самураи.

Познати под името onna bugeisha, овие смртоносни самурајки, биле под сличен тренинг како и самураите.Тие имале тренинг за борење, самоодбрана и вештини за употреба на оружје, пишува Japan Times. Популарното оружје кај овие самурајки е Јапонскиот нож наречен  naginata.

Тренирани под исти стандарди и од мажите самураи и од жените самурајки се очекувало да ги исполнат истите задачи и обврски, така што тие често се бореле и помеѓу себе во раните периоди.

Меѓу поистакнатите жени членки на самурајските часови биле Томое Гозен и Хангаку Гозен.

Томое Гозен

Томое Гозен, која е најпозната по својата лојалност и храброст, галантно се борела во Битката на Авазу во 1184 година. Во книгата “The Tale of the Heike” Томое е опишана како “Посебно убава, со бела кожа, долга коса и шармантни потези. Таа беше силен стрелец и како жена што се бори со меч, таа беше самурајка која вредеше за 100, подготвена да се соочи со демон или бог, качена на коњ или стоејќи на свои нозе. Кога и да имаше битка, Јошинака ја праќаше како негова прва капетанка, вооружена со силно оружје и огромен меч и таа се враќаше со најмногу дела на храброст од сите негови останати самураи”.

Хангаку Гозен

Хангаку Гозен пак, која еднаш командала 3.000 воини за да се одбрани од армија од 10.000 војници, во Јапонската литература  е опишана “Силна како маж и прекрасна како цвеќе.”

На други самурајки, задачата им била да ги штитат своите домови. Тие биле тренирани да користат оружја со кои ќе се одбранат од домашни натрапници што доаѓале во домовите на коњи.

Учество на групи на вооружени жени во борба се документирани се до Сенгоку периодот (средината на 15тиот век до почетокот на 17тиот век). Голема промена на статусот на жените во Јапонското општество дошла на почетокот на 17тиот век – Едо периодот.

Со социјалните промени и доаѓањето на мирот, самурајките оnna-bugeisha биле приморани радикално да се поменат и да преминат во улоги на сопруги и мајки.