Вести

Влијанието на Корона вирусот врз жените и девојките – видео серијали на Светска Банка

Светска Банка продуцираше серија на онлајн видеа за влијанието на пандемијата од Covid-19 врз различни области од живеењето. Едно од тие видеа е посветено на влијанието на пандемијата врз жените и девојките, со Карен Гроун, глобална директорка на Светска Банка за родови прашања. Таа потенцира дека ова прашање треба посебно да се разгледува бидејќи пандемијата различно влијае на мажите и жените, како поради нивните биолошки разлики, така и поради нивните различни социјални улоги. „Поради тоа треба и одговорите на пандемијата да ги прилагодиме на различните потреби, но и различните улоги кои ги имаат мажите и жените“ – вели Карен Гроун. Според неа, економската криза која се очекува како резултат на пандемијата највеќе ќе ги погоди секторите во кои доминираат жените. За овие сектори и групи на работници треба да се посвети внимание на кој начин ќе се обезбеди помош и поддршка.

„Најтешката работа на колегите во Банката во моментот е балансирање на грижата за децата и работата. Затоа сметам дека социјалната поддршка за грижата за децата и старите ќе биде исклучително важна.“ – смета Гроун.

Целото видео на англиски јазик можете да го погледнете тука.