Вести

„Програма за (само)вработување на самохрани мајки“

Во Скопје утре ќе се одржи Завршната конференција на проектот „Програма за (само)вработување на самохрани мајки“, финансиран од Европската Унија, спроведуван од Бизнис конфедерација на Македонија, Здружението на бизнис жени и Институт за менаџмент поддршка, кој во тековната 2017 год. се реализираше на три локации – Скопје, Битола и Штип. Проектната програма е наменета за подготовка и унапредување на компетентноста на жените самохрани мајки на пазарот на труд. Во рамки на проектот се реализираа обуки за развој на бизнис вештини, организирани во 5 модули, како и вокациски обуки, како одговор на потребите на учесничките, но пред се во согласност со добиените сознанија, од компаниите вклучени во проектот, за потребните вештини, според нивна проценка, за компетитивност и подобра вработливост. Вокациските обуки, беа за унапредување на компјутерските вештини, и тоа во Штип за базична компјутерска едукација (Microsoft office, internet, e-mail, social media), а во Скопје и Битола за напредни компјутерски познавања (graphic design, social media).

Во текот на реализација на сите обуки, беше обезбедена грижа на децата, како помош и олеснителна околност за присуствување на часовите без дополнителен напор за учесничките. Исто така, во поглед на охрабрување и водење низ целиот процес, обезбедени им беа и психо-социјални консултативни средби.

Во последната проектна фаза се воспоставија менторски релации со избраните менторки од Здружението на бизнис жени, за менторирање на учесничките за водење на сопствен бизнис или кариерен напредок. Со оглед дека проектот уште во текот на реализација, предизвика позитивни промени и реакции, истиот завршувa со резултати, кои го оправдуваат ангажманот на организациите имплементатори, со сета своја комплексност и обем на активности. Ова навистина беше проект со многу ангажман, но со прекрасни резултати! – изјавува г-а Валентина Дисоска, претседателка на Здружението на бизнис жени, – Релациите кои се воспоставија и придобивките кои ги добија жените вклучени во проектот, ќе продолжат да се развиваат и во следниот период, како додадена вредност, на сите наши усилби и иницијативи, при реализација на проектните активности. Повеќе информации за проектот и реализираните проектни активности може да најдете на следниот линк.