Имаш проблем кој сакаш да се актуелизира? Сведочиш неправда на која никој не обрнува внимае? Имаш убав пример во околината кој сакаш да го споделиш? Стани граѓански новинар и дај им видливост не само на овие туку и на многу други прашања.
МЦМС и ТВ Телма го објавија вториот конкурс за приказни и фотографии на граѓански новинари. Право за аплицирање имаат сите заинтересирани граѓани освен оние кои професионално се занимаваат или се занимавале со новинарство. Заинтересираните можат да се пријават со повеќе приказни односно фотографии/видеа.
Приказните и фотографиите/видеата треба опфатат општествени проблеми на следните теми:
- Образование (млади)
- Екологија (загадување)
- Корупција
- Дискриминација
Аплицирањето е најдоцна до 11 февруари 2018 година, а повеќе детали за целиот процес можете да најдете тука.
Најнови коментари