Вести

Инфо сесија за новата менторска програма

Денес се одржа инфо сесијата за новиот менторски циклус за жени претприемнички и професионалци кој ќе се спроведе во текот на 2018 година и истиот ке вклучува учесници од Македонија, Косово Албанија и Холандија. Проектот го реализира Македонската мрежа на ментори во соработка со Сојузот на стопански комори на Македонија со поддршка на Холанската Амбасада во Скопје.

20180206_111529Целта на проектот е да ги поврзе претприемничките и професионалците од регионот преку соодветно креирана менторска програма а во исто време да реализира професионално поврзување со бизниси и профеесионалци од Холандија.  Во оваа програма ќе бидат вклучени 30 учесници од регионот како и 15 ментори од Холандија.

На следниот линк можете да најдете информација за повикот за аплицирање заедно со критериумите кои треба да бидат исполнети, како и апликациската форма која треба да ја поднесете најдоцна до 15ти Февруари, 2018 година.