Денес во Хотел Порта се одржа промотивната Конференција на проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“ (WE-Contribute), финансиран од Европската Унија.
На настанот земаа присуство 50 учесници вклучувајќи и релевантни претставници од владиниот и граѓанскиот сектор. Проектниот менаџер од МИР Фондација, г-ѓа Емилија Андонова ја отвори оваа конференција со презентирање на планираната богата проектна програма. Истата вклучува:
- Обуки, советување, менторски сесии, онлајн курсеви за развој на вештини
- Формирање на првиот Национален совет за женско претприемништво
- Креирање на web-портал за информации поврзани со женско претприемништво
- Снимање видео со жени претприемачи
- Водич за граѓански организации и промотивни брошури
Г-ѓа Валентина Дисоска од Здружение на бизнис жени зборуваше за важноста на проектот за развојот на женското претприемништво и очекувани резултати, додека пак Г-ѓа Мери Ен Рукавина Ципетиќ од GTF – Иницијатива за одржлив развој ги презентираше политиките за женско претприемништво и улогата на граѓанскиот сектор во Република Хрватска.
„Сакаме да постигнеме сите граѓански организации да бидеме вклучени во креирањето на политиките, да се направи едно движење кое ќе го направи линкот меѓу организациите, претприемачките и институциите. Преку активностите да ја подигнеме свесноста за тоа што е женско претприемништво и кои се придобивките од неговиот развој и за жените лично, но и за нивните семејства“ – истакна Валентина Дисоска.
Сите овие активности ќе бидат распоредени во периодот што следува, заклучно до декември 2018, а сите заинтересирани ќе може да ги најдат релевантните информации на веб порталот: http://www.mir.org.mk/
Проектот ќе биде имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.
Најнови коментари