Во рамки на серијалот „Секојдневни Хероини“ започнуваме со интервјуа на жени кои секој ден прават по некој успех, без да се фалат со тоа. Жени што се справуваат со различни предизвици стоејќи и секојдневно се борат. Жени кои имаат огромно животно искуство кое споделено со други ќе придонесе за зајакнување на позициите на жените воопшто. Денес разговараме со Весна Аврамова Тумташ.
Еднакви.мк: Кој момент го сметате како пресвртница во својот живот, односно Ви оставил најголемо влијание во животот?
Весна Аврамова Тумташ: Ние те раниме- од 21-на година работам и не дозволувам никој да ме рани (фала му на Господ што ми дал здравје на мене и на моите деца, друго можам сама)
Еднакви.мк: Што мислите дека им е најпотребно на жените во Македонија?
Весна Аврамова Тумташ: Самодоверба и упорност.
Еднакви.мк: Кој е најважниот совет што некогаш сте го дале некому?
Весна Аврамова Тумташ: Никогаш не се предавај,сама вади се од калта и никому нема да си должна.
Еднакви.мк: Што би им порачале на одлучувачите да направат за жените во Македонија?
Весна Аврамова Тумташ: Да ги заштитат од насилници и да ги почитуваат нивните потреби.
Еднакви.мк: Што би им порачале на младите жени кои сè уште се несигурни во себе?
Весна Аврамова Тумташ: Да веруваат во себе и во своите способности, да не чекаат ништо од никого и сами да се борат во животот.Да сослушаат совет од поискусни , но не по секоја цена, одлуката секогаш да биде нивна.
Најнови коментари