Сојуз-Национале
Настанот има промотивен карактер и на истиот се презентира целите, резултатите и активностите кои што се предвидени да се реализираат во рамки на проектот.
Проектот се спроведува во периодот од декември 2017 до јуни 2019 год и е финансиран од Европската унија преку Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) во рамките на Министерството за финансии.
Проектот ќе придонесе кон зголемен процент на користење на ИПАРД фондовите во адаптирањето на земјоделството во Македонија со стандардите на Европската унија. Во исто време преку испораката на советодавни и образовни услуги и преку подобрување на квалитетот на информациите и обуките доставени до граѓаните со посебен фокус на жените и младите ќе се поттикне вклучувањето на родовите аспекти во земјоделските политики и руралниот развој во земјата.
Најнови коментари