Забраната за абортус потпишана од страна на Гувернерката Каи Ивеи од Американската држава Алабама на 15ти Мај 2019 година го криминализира абортусот во скоро сите можни форми –вклучувајќи и случаеви на силување и инцест .
Републиканката Ивеи изјави : “Денес потпишав закон кој ќе ги штити животите на сите и праќам порака дека секој живот е подарок од Бога”
Таа, донесе и потпиша закон каде докторите ќе бидат казнети со до 99 години затвор во случај да извршат абортус. Неземајќи ништо друго во предвид , законот стапува во сила за 6 месеци.
Женскиот Центар на Алабама, Организацијата Планирано Родителство и многу останати организации, поднесоа тужби против државата каде бараат овој премногу рестриктивен закој веднаш да се повлече.
Демократите потсетија на амадманот да се исклучат случаевите каде има силување и инцест, но и ова барање беше одбиено.
Најнови коментари