Општо

Мобилно кино кое им помага на жените во Пакистан да ги дознаат своите права

Во 2016, Шарамен Обаид – Чиноу освои Оскар за нејзиниот документарец  “Девојка во реката: Цената на Слободата”.  Филмот раскажува приказна за жена која потекнува од Пакистан, чиj татко и вујко се обиделе да ја убијат кога таа се омажила за нејзин избраник, наместо да склучи договорен брак. Ова не е невообичаено во Пакистан. Комисијата за човекови права брои 460 вакви убиства во 2017 наречени “ Убиства за чест”. Но оваа жена преживеала и  била во можност да ја раскаже својата приказна.

Kога “Девојка во Реката” се здоби со Оскар, премиерот на Пакистан донесе закон со кој мажите кои ќе убијат жена “ за чест “,  ќе бидат осудени на затворска казна.

“ Ние чувствувавме потреба да го донесеме филмот и во нашите рурални средини, мали градови и села низ земјата” вели Обаид . Таа и нејзиниот тим изградиjа мобилно кино на трактор и возат низ многу заедници во Пакистан каде ваквите убиства се многубројни. Филмот е прожектиран и проследен со многубројни дискусии за оваа сензитивна тема.