Што треба да знаеме за дезинформациите таканаречени Fake News
1. Луѓето се подложни повеќе да паметат негативни информации одколку позитивни. Тие што ги шират овие дезинформации го знаат ова и играат со нашите подлабоки емоции, кое допринесува ние да ги споделуваме на социјалните медиуми дури 6 пати побргу од точните вести.
2. Феноменот Социјалните медиуми
Што повеќе време поминуваме на социјалните мрежи тоа повеќе овие fake news компании заработуваат од тоа. Тие знаат дека екстремните и шокантните содржини го влечат нашето внимание и намерно ги програмираат овие сајтови да ги промовирааат таквите вести. Најртиражните весници продаваат неколку милиони копии, додека пак лажните вести на Фејсбук достигнуваат преку БИЛИОН шернувања на ден.
Два начини како да се заштитиме од дезинформации
1.Доколку прочитате нешто, не верувајте одма !
Не верувајте на се она што ќе го прочитате на интернет. Гледате и читате рандом Фејсбук пост со шокирачко инфо за политички кандидат? Не верувајте. Проверете ги фактите кај сигурни извори.
2. Поддржете го вистинското новинарство.
Поголемиот дел од традиционалната медиа се придржува кон правила и етички норми, што ја прави далеку подоверлива отколку некои рандом постови од поединци. Се разбира дека традиционалната медиа не е совршена, но таму, ги проверуваат фактите и може да се потпрете на тие содржини
Најнови коментари