Здравство

Донесен новиот закон за абортус

 

 

 

 

 

Со овој закон се уредуваат условите под кои може да се врши прекинување на бременостa, постапката за одобрување на прекинување на бременостa, условите што треба да ги исполнуваат здравствените установи за вршење на постапка за прекинување на бременостa и надзорот над условите и постапката за прекинување на бременоста.

Собранието го изгласа Законот за правото на жените да го ја прекинат бременоста. Со новиот закон жената ќе има пристап до целосни информации околу вакви интервенции и ќе може самостојно и слободно да одлучи дали сака да абортира.
Со новиот закон ќе нема потреба бремените жени да чекаат три дена за да се изврши абортусот и нема да бидат принудени да објаснуваат зошто сакаат да ја прекинат бременоста.
Пред зафатот за прекин на бременоста лекарот е должен да ја информира жената за постапката за прекинување на бременост, што може да се очекува за време на прекинувањето на бременоста и по завршувањето на постапката, за методите на контрацепција пред и по спроведувањето на прекинување на бременоста на начин разбирлив за жената за да може да донесе одлука и да даде изјава за согласност

Со промената на законот ќе се укинат постојните процедури и бариери. Овој закон предвидува се правото на жената за безбеден аборус, и и се дава право на жената соодветно да одлучи за прекинување на бременоста до 22 гестациска недела, а не како до сега до 12 недела.
Одлуката за прекин на бременоста е право на жената и тоа никој не може да и го одземе.

Целосниот документ може да се види на следниов линк:

http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2018/01/ZAKON-ZA-PREKINUVANE-NA-BREMENOSTA-zakluchno-so-br.-149-od-2015.pdf