Жена 1 –Живееш во Скопје, имаш 31 година , си завршила факултет. Имаш работа која навистина ја сакаш и и си мотивирана да работиш напорно за да напредуваш. Одговорна си и професионална. Има машко на твојот спрат кој ја работи истата работа како и тебе. Има помал работен стаж од тебе. На сите им се допаѓа и е интегриран во средината.
Тој штотуку доби големо унапредување и повисока плата за позицијата што ја сакаше ти. Иако ти си подеднакво квалификувана, никогаш не те зеле во предвид за овааа позиција.
Жена 2 – Живееш во Скопје, имаш 27 години, привлечна си , работиш напорно. Секогаш си облечена професионално и се однесуваш исто така професионално. Добро ја градиш својата кариера и имаш желба да успееш. Се додека не си отпуштена заради тоа што не си ја прифатила поканата на менаџерот да отидеш во неговата хотелска соба.
ЗСП Психеско – Здружение на Студенти по Психологија направи истражување и резултатите беа презентирани на скорашниот SHE евент во Скопје. Публиката од 70 луѓе имаа што да кажат за резултатите. Жените велат дека старите стереотипи за жена домаќинка сеуште постојат. Жената како емотивно суштество по природа е често по емпатична, повеќе може да разбере, но мажите одбираат ова да го сфатат негативно.
Големиот успех на овој настан се должеше на присутните. Една од нив беше Валентина Дисоска, бизнис лидерка, претриемачка и мајка на две деца.Таа ја потенцира важноста на ваквата работа и дека ова треба да продолжи така. Исто така, HR професионалци кои беа присутни покажаа интерес со здружни сили да ја подобрат ситуацијата и да отворат повеќе можности за жените.
Најнови коментари