Ова движење потсетува на слични протести од 1991 кога 500.000 жени зедоа учество на улиците во Швајцарија , што пак резултираше по пет години да се усвои Актот за Родова Еднаквост. Легислативата забрани дискриминација на работното место и сексуално вознемирување.
Но еве, после 28 години од првиот протест, жените во Швајцарија продолжуваат да се борат, овој пат за разликата во платите под слоганот – “Плати, Време, Почит”.
Според статистиките на Федералната Статистичка Канцеларија , жените заработуваат 19,6 % помалку од нивните машки колеги.
Циришкиот колектив на женските протести , во манифестот напиша- “Ние протестираме затоа што жените заработуваат помалку за истите работни позиции, не добиваат унапредувања , ги има многу малку на повисоки функции и типичните женски професии се малку платени”
Најнови коментари