Општо

Грета Тунберг- гласот на новата генерација

Грета Тунберг-гласот на новата генерација- 15 годишна шведска активистка за борба против климатските промени.

“Хомо Сапиенсот сеуште не пропаднал. Да, ние пропаѓаме, но сеуште има време да ги промениме работите. Сеуште имаме се во наши раце. Се треба да се промени. Мора да почне уште денес” – извадок од нејзината книга  “Никој не е премлад за да направи промена”.

Во август 2018, еден ден Грета реши да не оди во училиште и да застане пред Шведскиот парламент во знак на протест против глобалното затоплување. Тој потег заврши со глобално движење, инспирирајќи цели училишта да протестираат за нашата планета, допирајќи до властите и номинација за Нобелова награда од страна на Норвешкиот парламент.

На 15ти Март 2019,  1.4 милион ученички/ци во 112 земји  излегоа да протестираат и го поддржаа нејзиниот глас.

Нејзините говори станаа историски низ Европа, Обединетите Нации и во светски рамки. Нејзиниот импакт стана толку значаен што ова движење е наречено и “Грета Тунберг ефект “ и сега се гледа како најголемата закана на индустријата за фосилно гориво во светот од страна на OPEC ( Организација на извоз на Петролеум ), која што брои 14 членки. OPEC е оформена во 1960 година во Багдад, од страна на првите 5 земји (Иран, Ирак, Кувајт, Саудиска Арабија и Венецуела) со седиште во Виена, Австрија.

Денес оваа организација е проценета дека води 44% од глобалната нафтена индустрија и  81.5%  од идните резерви на нафта