Еднакви.мк: Ана, ти си главниот организатор и директор на Beach Film Festival. Beach Film Festival 2019 e второ издание на овој фестивал и во неговите рамки ќе се одржи панел дискусија на тема “Жената е жена -Археотипот на женскиот лик во европскиот филм во Европскиот филм”. Како дојде до ваква идеа? Што те поттикна да организираш еден ваков настан ?
Ана: Пред еден извесен период во раце ми падна сценарио во кое што еден женски лик беше опишан како типична измачена балканска жена. Со филмски жаргон тоа ми беше trigger да продолжам да истражувам за таков карактер во балканските филмови, колку тие се разликуват од европските и што се влије на режисерите и сценаристите да создаавт такви ликови. Темата ми се поврза со испит за еден предмет на моите докторски студии и кога започнав со научни анализи пронајдов текст: “Women in new Balkan Cinema: Surviving on the Margins“ на професорката по светска кинематографија и една од најдобрите филмски теоретичарки во Европа, Дина Јорданова која предава во Шкотска и Хонг Конг. Во тој момент ми дојде идеја да направиме панел дискусија на Beach film festival и одлучив да ја поканам Дина за модератор. Како сите големи професионалци веднаш се јави и ja прифати покана да дојде. Kо-модератор на настанот ќе биде Наум Трајановски, кандидат за доктор на науки при Институтот за филозофија и социологија на Полската академија на науките и истражувач на Филозофскиот факултет во Скопје.
Еднакви.мк: Кажи ни нешто повеќе за настанот, кога ќе се случува и каде, што и кој ќе можеме да видиме и слушниме?
Ана: Настанот ќе се одржи на 20-ти јули, сабота, четвртиот фестивалски ден, во времетраeње од 19 до 22 часот на бродот Галеб кој ќе крстари низ Oхридското езеро.
Подржувачи на фестивалот се Агенција за Филм, Министерство за Култура, ЕУ за тебе и Град Охрид. Панелот го реализираме во соработа со Creative Europe Media desk MK, чија што раководителка Бистра Георгиева исто така активно ќе се приклучи. Учесници ќе има од целиот регион и пошироко. Станува збор за актерките Јудита Франковиќ Брдар и Сања Дракулиќ од Хрватска, режисерката Мина Ѓукиќ и сценаристката Моња Милинковиќ Јовиќ од Србија, продуцентката Беверли Лавли од Англија, актерката Наташа Петорвиќ, продуцентката Елена Станишева и професорката Ана Мартиноска од Македонија. Панелот е отворен за сите заинтересирани за оваа тема а после нивните излагања, публиката ќе има прилика да искомуникацира со гостинките.
Еднакви.мк: Кои се твои понатамошни идеи и желби за промоција на жената во филмот или на други полиња?
Ана: Во денешно време во кинематографијата немаме прилика често пати да се сретнеме со силни женски ликови како Ивана Орлеанска на Дрејер и како што велеше неодамна починатиот професор Стефан Сидовски, кинематографијата, барем онаа западната која што ни е поблиска заради нашата геополитичка положба е станата fast food. Мислам дека првенствено треба да се гледа квалитет, а не да ги делиме нашите видувања на машко/женски како што беше кога јас бев студентка на уметничка академија и кога на приемни испити за камера на женските кандидати им беше кажувано ‘Како вие ќе носите камера?’. Така да останува само факторот време, кое ќе покаже кои дела, не само филмски туку и други културни добра ќе останат во наследство на идните генерации.
Најнови коментари