Општо

Тина Кадолф е жртва на трговија со деца. Преживува и денес е силен борец против тоа.

Тина Кадолф од свои 4 години била оставана од мајка и да биде жртва на сексуална трговија. Оваа траума имала длабоки последици врз неа. Но на 20 години  го запознава Карл Кадолф, кој и понудил помош. Тие оваа година ја славеа нивната 35 годишнина од заедничко живеење.

Палате Кафе во Флорида е нејзиниот бизнис денес , каде, како што вели и сама, “Е место за сите , да се чувствуваат пријатно и сигурно”. Цел профит од кафетеријата оди за борба против трговијата со луѓе и помош на преживеаните.

“Секој што купува кафе од кај нас не купува само чашка кафе”- вели Тина.  “Тој/таа прави разлика во заедницата, глобална промена, индивидуална промена на други животи. Јас секогаш копнеев да помогнам некому затоа што немав помош од никому. Знам како е да немаш ништо и да немаш надеж”.

Кога ја отворила кафетеријата, Тина била пресреќна кога имало по тројца муштерии на ден. Денес, нејзиниот бизнис е стабилен. Од 2015 година таа донирала 42,000 долари во средства и добра, за борба против трговијата со луѓе, дома како и надвор, во странство. Таа раководи и со Центар каде жртвите имаат безбедно место каде да престојуваат додека не развијат работни вештини и почнат да работат.

“Јас сакам родителите да ги заштитат своите деца и никогаш да немаат живот како мојот. Подобро е да се спречи одколку потоа да се обидува да се поправа”.

Во Гана, таа гради Сигурна Куќа за спасени деца која треба да се отвори до крајот на овој месец.