Александрија Окасио- Кортез е Америчка демократка за која се слушна во 2018, откако го победи актуаелниот Њујоршки демократ Џо Кловли во Конгресот и на свои 29 години стана најмладата жена која е избрана од постоењето на истиот.
Оказио-Кортез има дипломирано Интернационални односи и Економија на Универзитетот во Бостон во 2011 година.
Интересно за неа е тоа што таа се школувала во средно училиште за микробиологија кадешто освојува 2-ро место на Интернационалниот натпревар по инженерство и наука. За нејзинот труд, лабораторијата на престижниот MIT универзитет во Масачусетс именува астероид со нејзиното име.
Пред да се кандидира за позицијата во Конгресот, Кортез работела како келнерка и шанкерка по 18- часовни смени за да му помогне на своето семејство.
Кога почнала со свои кампањи, се соочила со финансиски проблеми. “Неможеш да ги победиш големите пари со пари” вели таа. “Мораш да ги победиш со сосема поинаква игра”. Таа најпрво имала само постери со дизајн инспирирани од револуциите од минатото.
Green New Deal е една од нејзините кампањи, со којашто сака да постигне тотално отфлање на фосилното гориво до степен каде што нема да има потреба ни од воздушен сообраќај. “Единствената национална закана за Америка и за светот се климатските промени” вели таа. Кортез ја дава својата безрезервна поддршка и за мигрантите. Меѓу другото, се залага и за бесплатно здравство во Америка. “Скоро секоја развиена земја во светот има бесплатно здравство. Време е и Америка да го следи тој пример”.
Во 2019 година, текстовите, интервјуата, видеата и говорите на социјалните мрежи со неа, постигнаа 4 пати поголема интеракција одколку на било кој друг демократ до сега.
Најнови коментари