Интер Ресорската советодавна и консултативна група за еднакви можности на жените и мажите излезе со реакција против насилствотото кон жена, кое се случи на 24.07.2019 во Скопје, на крстосницата на Булевар Гоце Делчев и улица Беласица.
“Изразуваме сериозна загриженост за начинот на кој надлежните институции, медиумите и јавноста реагираа врз насилствотото кон жена, кое се случи на 24.07.2019 во Скопје, на крстосницата на Булевар “Гоце Делчев” и улица “Беласица”. Коментарите на широката јавност и новинарските текстови се пример како општеството го третира и реагира на физичкото и вербалното насилство врз жените, а ставовите на дел од граѓаните и медиумите со кои ја стигматизираат жената и го одобруваат насилството, за жал сведочат колку е нормализирано насилството врз жените во нашето општество и колку се перцепира како прифатливо однесување”. Целото соопштение можете да го најдете на следнот линк.
Македонија ја ратификуваше Истанбулската Конвенција и се очекува надлежните инснтитуции да реагираат според истата за случајот.
Интер Ресорската советодавна и консултативна група за еднакви можности на жените и мажите ги повика и медиумите, Здружението на новинари на Македонија, Советот за етика во медиумите и Агеницијата за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги, да реагираат соодветно против насилствотото врз жените.
Најнови коментари