На сите насловни страни во Британија се најде средношколката Тара Шарифи која се школува на Алесбери во Бакингхамшир. Таа го полагала IQ тестот на МЕНСА во категоријата за нејзина возраст и постигнала резултат од 162 поени, 2 поени поголем од тој на теоретскиот физичар Алберт Ајнштајн и на познатиот физичар и космолог Стивен Хокинг.
Прашањата на овој тест се поврзани со разбирањето на одредени специфични зборови и одговарањето на истите во однапред одредено време.
Тара и нејзините родители се изненадени од овој резултат. “Никогаш не очекував да постигнам толку голем резултат”- вели Тара. Нејзиниот татко изјави дека додека Тара била мала, тие постојано гледале ТВ квизови и таа веднаш ти решавала сите математички проблеми,дури и пред самите кандидати. И тој бил изненаден, но горд на својата керќа.
Тaра е возбудена што ќе има можност да ги запознае другите членови на МЕНСА, вклучувајќи го Американскиот писател Јојс Карол Ојс и актерката Џина Дејвис.
Сонот на Тара е да продолжи со учење во полето на некој предмет во областа на математиката. Сите шпекулирааат дека таа ќе ја наследи Мариам Мирзакани- последната победничка во тоа поле.
Најнови коментари