Замислете нов свет- свет создаден од силни млади жени, здружувајќи ги заедничките сили за да се изборат за својата иднина и да направат самостојни избори кои што ќе влијаат, не само врз нивните животи , но и во нивните заедници , нивните општества и во целиот свет.
Global Fund for Women ги поддржува правата на жените и девојчињата со децении. Тие веруваат дека јакнењето на вештините на младите жени е круцијално за одржувањето на женските движења и долготрајна трансформација на општеството.
Еден пример е партнерството на Global Fund for Women со CREA – долготраен партнер и феминистичка организација за човекови права, со седиште во Индија како и партнерството со Кендеда Фондот, со седиште во Атланта, приватна семејна фондација, која е фокусирана на солуции во општеството. Сите заедно, ја лансираа Иницијативата за Лидерство и Менторство на Младите Жени. Најпрво иницијативата беше лансирана во Јужна Азија, па проширена во Источна Африка. Таа ги поддржува младите жени од Бангладеш, Индија, Непал, Кенија и Танзанија како стратешки лидери кои водат силни движења, концентрирајќи се на предизвиците со кои се соочуваат жените и девојките на овие територии. Преку иновативен модел на феминистичко менторство и учење, овие млади жени ги градат своите лидерски вештини.
Најнови коментари