Општо

Полковник Билјана Блажеска нов Аѓутант на Врховниот командант на Вооружените сили на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски ја постави полковник Билјана Блажеска за Аѓутант на Врховниот командант на Вооружените сили на Република Северна Македонија во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Полковник Блажеска била учесник на повеќе меѓународни обуки и вежби како припадник на Армијата, вклучувајќи го учеството во меѓународната мисија „Одлучна поддршка” во Авганистан во периодот од јуни 2018 до јануари 2019 година.

Завршила специјализација за командантни и штабни должности на Воената Академија во Скопје, курс за стручно оспособување и усовршување на офицери за служби на копнената војска на Армијата 2000-2001 во втората генерација на жени во Армијата.

Во Армијата работела во областа на логистика и била активно вклучена во проекти за развој и унапредување на опремувањето на Армијата, унапредување на логистичката поддршка на единиците на Армијата во мир и во воена состојба како и при упатување во мисии надвор од земјата.

Министерката Шекеринска порача дека армиската професија е професија и за жените, кои секојдневно докажуваат дека можат да се справат со сите задачи и одговорности.

Претседателот и врховен командант, Пендаровски, истакна дека реформите во одбраната и безбедноста се постојан процес и дека тие ќе продолжат и по членството во НАТО.

Обраќајќи им се на припадниците на Армијата, претседателот Пендаровски рече дека „како врховен командант ќе инсистирам на подобрување на вашиот животен и професионален стандард и како што вие одговорно, посветено и професионално го исполнувате вашиот дел од обврските, така и ние мора да ја исполниме нашата обврска кон вас.“

Полковик Блажевска е добитник на медал за учество во мировната мисија „Одлучна поддршка” и златна значка на Армијата за залагање во работата.