Општо

Реактор со извештај за Родово базирана дискриминација и работнички права

Реактор годинава излезе со извештај за Родово базирана дискриминација и работнички права во Северна Македонија.

Во извештајот се анализирани дискриминациите на жените на работното место во однос на мажите и е дојдено до заклучок дека жените се сепак повеќе изложени на родово базирана дискриминација.

„За да не ја изгубам работата, бев принудена да се вратам на работа 14 дена откако го родив своето дете.“; „На интервју за работа, ми кажаа дека работата не може да ја работи жена, бидејќи жените се помалку интелигентни од мажите“; „На истата работна позиција, за истите работни обврски и ниво на образование, заработував 3000 денари помалку од мојот колега.“ – се само неколку од споделените сведоштва на работничките во истражувањето.

Дискриминацијата е најчесто поврзана со сексизам и родови стереотипи кои се во контекст на женската репродуктивна улога, грижа за деца и лица на кои им е потребна поддршка, и домашната работа и се во конфликт со работната средина од страна на работодавците и менаџерите. Бременоста останува ризичен кариерен чекор – жените се честопати принудени да избираат помеѓу имање платена работа, кариера и имањето деца – а оваа одлука понекогаш е условена од нивните работодавци.

(Photograph by Heshmat Saberi)

Тие се казнети со пониски работни позиции и бариери при унапредувањето, како и пониски плати во споредба со мажите, само затоа што се жени и имаат репродуктивна улога.

Целосниот извештај на Реактор можете да го најдете тука