Општо

Евелин Беатрис Хернандерс од Ел Салвадор ослободена од затвор заради раѓање на мртвороденче

Евелин билa силувана во 2015 година кога имала 17 години и била студентка. Таа останала бремена и во Април 2016 родила мртвороденче по што веднаш била затворена. Иако медицинските прегледи покажале дека нејзината бременост не била во ред, односно детето имало компликации со белите дробови и стомакот, таа била осудена за убиство на 30 години затвор во 2017 година.

Обвинителите барале казна од 40 години, но Евелин останала на својата изјава дека е невина и дека  првенствено не знаела дека е бремена како и дека се онесвестила кога го родила мртвороденчето.

После 33 месеци одлежување на казната, Евелин е конечно на слобода оваа година откако судот донел одлука дека таа е невина.

Опкружена со многу новинари, таа во солзи изјави: “ Правдата дојде. Им благодарам на сите што ме поддржуваа, моите блиски, како и сите од најразлични страни на светот. “

Ерика Гуевара- Росас, Американската директорка на Амнести Интернационал, ја опиша одлуката на судот како “победа за правата на жените во Ел Салвадор”. “Повикуваме Ел Салвадор да ја прекине срамната и дискриминаторната пракса да ги криминализира жените засекогаш, со итно менување на строгите закони кои забрануваат абортус. “изјави таа.

“Има сеуште девојки и жени кои се во затвор заради вакви причини и се надевам дека ќе бидат ослободени како мене.”- додаде Евелин.