Општо

Самохрана мајка докторира на Правниот факултет на Харвард со ќеркичката Евелин во раце

24 – годишната Бријана Вилијамс ја прими својата докторка диплома на престижниот Правен факултет на Харвард, држејќи ја во раце својата ќерка Евелин. 

Со емотивен пост, Бријана ја раскажа нејзината борба со која се соочила за време на нејзината бременост.

“Болките ми почнаа во средината на Април за време на финалните испити. Веднаш побарав епидурална анастезија за моите контракциии да не пречат на оценката по предметот Семејно право. И со солзи во очите го положив.”

По породувањето таа се соочила со уште поголеми предизвици.

“Последната година од студирањето, ја поминав со Евелин, како самохрана мајка. Некои денови бев толку ментално и емотивно скршена што не можев да станам од кревет. Некогаш и самодовербата што ја имав, не беше таму. Кога одев на предавања Евелин беше често со мене.”

Бријана потекнува од мал град во Атланта и таа е прва во нејзиното семејство која има факултетска диплома. Таа дипломирала на Saint John’s Универзитетот на насоката Правни студии. “Заминав на факултет со еден куфер и еден пар на чевли”.

Иако на Харвард студирале ученици од најпрестижни факултети, нејзиниот татко ја охрабрил со зборовите – “Ти имаш две школи, една со книги и другата ти е животната школа.”

Кога била трета година на своите студии, таа станала комуникациски директор на асосцијацијата на Харвард на Африканските – Американски студенти. “Ги сакав сите предмети кои го изучуваа правото на Африканско – Американците и феминизмот. “

Оваа приказна е инспиративна затоа што не потсетува дека животот не застанува кога ќе родиме дете или дека мајките не можат да си ги исполнат соништата. Нејзината неочекува бременост кога била многу млада, не ја спречила Бријана во ништо. Сега, тааа работи како адвокат во Лос Анџелес и ги охрабрува младите девојки и жени да се борат да ги достигнат своите соништа, без разлика на околностите во кои се наоѓаат.