Вести

Весна Попоска – Првата жена која одбрани Докторат на Воената Академија

На 22.10.2019 м-р Весна Попоска ја одбрани својата докторска дисертација под наслов “Меѓународно правни аспекти за заштита на критичната инфраструктура од современи безбедносни закани” под менторство на проф.д-р Орце Поповски, полковник декан на Воената академија, и проф. д-р Методи Хаџи Јанев, бригаден генерал. Попоска по вокација е правник, но нејзино мото е дека безбедноста е именка од женски род. Како дел од првата генерација на докторанти студиите од трет циклус ги започна во 2015 година. Нејзината одбрана е прва женска одбрана на Воената академија, и се надеваме дека ќе го отвори патот и ќе охрабри уште многу девојки да ги следат нејзините стапки. Истражувањето е од примарен карактер и обработува тема која е нова и во глобални рамки.

Ваквите примери на жени директно покажуваат дека нема само машки или само женски професии.