Жените денес секојдневно се носат со големи предизвици, почнувајќи од родова еднаквост, високите стандарди за убавина, права на жените, еднакви плати и нивна безбедност. Нивните прекршени права, во поразвиените земји се од помодерен карактер, додека во понеразвените земји жените се борат за право на образование, против малолетнички бракови, немање право на абортус и многу други.
Листата на најдобрите земји во светот според US News & World Report и нивното истражување кое е спроведено во 80 поразвиени земји, со 9000 испитанички, (кои пополнувале прашалници со компилација од 5 одредени теми и тоа грижа за човекови права, родова еднаквост, еднакви плати, напредок и безбедност) воглавно докажа дека Скандинавските земји убедливо водат во ова.
Шведска е рангирана на првото место, со коефициент на родова еднаквост на 9.6/10 и еднаквост на плата со импресивни 9.9/10. После Шведска, Данска е следната земја на листата, која патем беше прва во 2018 година. Данска можеби не е прва сега , но сеуште држи висок ранг во однос на родовата еднаквост со 9.1/10 и еднаквост во платите 10/10. Канада е рангирана на трето место во однос на убав живот на жените- рангирајќи се за три места погоре од 2018, со родова еднаквост од 9.8 и безбедост на жените од дури 9.8. На четврто место е Норвешка која што несомнено има долга традиција на вложување на труд во родовата еднаквост и правата на жените и има највисоки резултати од 9.9 во двата сегменти. По нив следуваат Холандија, Финска, Швајцарија, Австралија, Нов Зеланд и Германија. Македонија не беше дел од ова истражување.
Жителите на северните европски земји често се рангираат и како најсреќни во светот, заради нивната социјална инклузија и бесплатни јавни услуги. Скандинавските земји се на прво место и во прогресивност и развој на општеството- што има голема смисла, бидејќи кај нив и образованието и здравството е бесплатно.
Најнови коментари