Општо

Борба на половите, Били Џин Кинг го совладува Боби Ригс на тениското поле

Долгогодишните предрасуди кон жените посебно во спортот, постоеле и за жал сеуште постојат. И ден денес се смета дека спортот е машка професија каде нема простор и можност за подвизи од страна на жените. Но оваа приказна го докажа сосема спротивното уште во 1973 година.

Пред 46 години на 20.09.1973 година, тениската шампионка Били Џин Кинг (тогаш 29 годишна) го совлада самопрогласениот машки шовинист Боби Ригс на тенискиот натпревар познат како „Битката на половите“. Околу 50 милиони гледачи го проследиле овој меч што го направи најгледаниот тениски натпревар во САД на сите времиња. Уште поважно, победата на Кинг го докажа спротивното. Таа докажа дека овој спорт и победа во него е возможна и за женската популација низ целиот свет.

Надвор од овој подвиг, кој се смета за еден од најголемите моменти во историјата на спортот, Били имаше извонредна кариера, како тенисерка и како тренерка за жени: Таа освои рекордни 20 Вимблдон титули и водеше борба за недоволно платените женски натпреварувачки да бараат поправичен третман во професионалниот тенис.

Били Кинг е исто така ко-основачка на World TeamTennis (WTT), револуционерната професионална тениска лига основана во 1974 години  и е основачка на иницијативата за лидерство Били Џин Кинг, која започна во 2014 година и се бори за решавање на прашањата за вклученост на жените и родова еднаквост на работните места.

.

Долгогодишната шампионка за социјална правда и еднаквост, беше наградена со Претседателски медал за слобода на 12 август 2009 година, со што стана првата женска спортистка која е одликувана со најголемата можна чест на нацијата.

Во октомври 2017 година, приказната се појави и на големи екрани под името “Борба на половите”,  Улогата на Били ја игра Ема Стоун, а Стив Карл ја игра улогата на Боби Ригс.

Оваа приказна уште еднаш ни докажува дека жените можат да постигнат еднаквост па дури и победа над мажите во спортот.