Сѐ повеќе девојчиња почнуваат да се интересираат за тајните на вселената и сакаат да дадат свој импакт во астронаутиката. Оваа професија, која се смета за машка, во последните децении доживува пресврт од страна на девојки кои сакаа да постигнат нешто токму во оваа област.
Фасцинацијата на Тејлор Ричардсон од вселената, особено од sвездите, се развила кога таа имала 5 години. Откако ја прочитала секоја можна книга за астронаутика, таа се пронашла токму во тоа поле. Знаела од истиот момент дека сака да патува во вселената и одбила да биде обесхрабрена околу тоа.
Таа присуствувала на кампот на Вселенскиот Центар во САД во Хантсвил, Алабама и тоа ѝ се потврдило. Тејлор сака да биде астронаутка и да работи за НАСА како научник.
Оваа несекојдневна тинејџерка има огромни достигнувања и признанија. Меѓу нив се : Нејзината посета на Првиот Самит на Жените во САД во Белата куќа, нејзиниот незаборавен говор на Маршот за Наука во Вашингтон, нејзиниот проект кога однела книги на девојчиња во Гана..и многу многу други. И секако магичниот момент во март 2018 година кога Опра Винфри и доделила 50.000 американски долари за кампањата на Тејлор GoFundMe со што се овозможило 1.000 девојчиња да го погледнат филмот „A wrinkle in time”.
Денес Тејлор е средношколка и продолжува да создава историја. Таа е филантропка, застапничка за писменост и борец против насилството, која останува цврсто на својата мисија- да биде првата астронаутка на Марс.
Таа порачува : “Направете свое место и бидете силен глас. Само немојте да седите така, направете нешто да бидете слушнати. Не се плашете се ако сте единствената, пробајте да влијаете за да може што повеќе девојки да бидат слушнати. И на крај, запомнете: Ништо не е тешко, треба да работите напорно. Сонувајте големи соништа!”
Најнови коментари