Општо

Сафија Калид- Сомалиска мигрантка во Градскиот совет во Мејн

23-годишната Сафија Калид освои гласови за да обезбеди место во Градскиот совет на Левистон во државата Мејн минатата недела и со тоа се здоби со титулата – најмладата личност што некогаш била избрана во советот како и првата Сомалиска Американка во истиот. Сонот на Калид  отсекогаш бил  да се погрижи,  сите во градот го осетат чувството на припадност кон заедницата, исто како што тоа го доживеало нејзиното семејство кога се преселиле во Америка како мигранти од Сомалија каде што моментално има војна.

„Она што јас и моето семејство го добивме овде во 2006 година, сакам да им го овозможам на сите жители во Луистон и да ги охрабрам младите луѓе да живеат и да работат, за да изградиме убава и пријатна заедница за сите нас“, изјави Халид за Гардијан.

Калид има живописни сеќавања од првите неколку недели во Америка, кога живела во стан со својот брат и мајка во Њу Џерси. Борејќи се да ја надминат јазичната и културната бариера наишле на  еден млад човек кој што се понудил да ги прошета и ги воведе во американскиот начин на живот. Нејзината мајка се распрснала во солзи и прегратки во рацете на странецот.

„Тоа беше најубавата глетка што некогаш сум ја видела“, се сеќава Калид.

Семејството одлучило да замине за Луистон,  градот со 36.000 лица. Калид изјавила дека нејзиното семејство „го пронашло она што го барало“.

13 години подоцна, Калид почнала да се бори за  место во Градскиот совет. Започнала со  кампања во која имала вклучено: поефтининување на станови, поддржување на мали бизниси, се борела за да донесе инвестиции во градот и да обезбеди ресурсите за подобро образование.

„Јас сум млада и не знам сѐ,  ќе бидам искрена. Но сакам да имам импакт во заедницата” вели таа.

Калид допре и до Хилари Клинтон, која објавила на нејзиниот Twitter профил за успехот на оваа млада мигрантка од Сомалија.

Животниот пат, борбата на ова девојче и нејзината храброст, служи за пример како може да се излезе од најтешките ситуации во животот, да се успее и најважно од сѐ , после сето тоа, да се помогне да другите за подобро утре.