Големи подвизи на цврстината на човечкото тело ги привлекувале луѓето уште од каменото време. И денес, во природата на човекот е да руши граници на подвизи на сила и издржливост. Некои од нив се навистина вчудоневидувачки и тука ви носиме еден ваков пример.
Еден просечен човек може да издржи стомачен мост 5 минути , по што тој дел од телото би се воспалил. Фитнес-блогерката Дана Гловачка издржа 4 часа и 20 минути и го сруши рекордот на жени во оваа дисициплина.
На Првата меѓународна конференција за обука на стомачен мост, Дана од Монтреал им покажа на сите која е вистинската сила. Да образложиме колкава е големината на ова достигнување – рекордот што пред неа го држеше беше Марија Калимера, која во 2015 година ја издржа дисциплината 3 часа и 30 минути, додека Дана издржа 4 часа и 20 минути. Така, таа не само што го сруши стариот рекорд, туку го надмина за скоро еден час.
Најинтересен факт е дека Гловачка започнала со тренирање во 2016 и нејзиниот прв обид траел 4 минути.
Цврстината и вољата на оваа жена, уште еднаш ни докажува дека кога сме упорни и невозможното станува возможно.
Најнови коментари