Мој став

Силни и одговорни жени!

Во контекст на вниманието што го предизвикаат жените обвинителки во Македонија, потсетувам на заклучната беседа од Светската конференција на Декадата на ОН на жените (15 септември 1995 год) на некогашната премиерка на Норвешка, Гро Харлем Брунтланд, која рече:,,Кога пред 15 години првпат станав претседателка на владата, пред 15 години, за многу Норвежани тоа беше културен шок. Денес, четиригодишните деца ги прашуваат татковците: „А дали може маж да биде претседател на владата?„
Или она што Индира Ганди го кажа на Се-индиската конференција на жените во 1980 година, кога цитирајќи делови од книгата„Светот и жената„ на Линг Вајт рече „се додека мислите дека мажот е симбол на сила, а жената симбол на слабост, мажот како водач, а жената како следбеник….тоа е таа космографија што придонесе мажот да е агресор, а човештвото-жртва„!
И се е кажано!!!
 
Автор: Дивна Јовковска Ефтимоска
Авторката е новинарка и поранешна Пратеничка во Собранието на Република Македонија