Општо

Женски играчки борци низ војните

Сведоци сме на силни војници низ историјата на војните, но нема многу раскажано за жените кои и тоа како се бореле низ годините во многу војни. Ова е една интересна иницијатива која иако сеуште не е реализирана, предизвика голема заинтересираност низ светот.

Имено, околу 3 години Џеф Имел, претседател на „VictoryBuy Inc.“, компанија во сопственост на неговото семејство која произведува пластични војници и други класични играчки, ја начна идејата за војничка женска фигура играчка. „Пријателите и семејството го сакаа концептот, но реализацијата на нов оригинален број фигури ќе биде голем потфат, па го оставив да почека”-вели тој. Потребен беше е-маил од пензионирана жена во американската воена морнарица,  на почетокот на август 2019 година, проследен со ракописно писмо од 6-годишно девојче по име Вивијан во кое пишуваше : „Зошто не правиш женски играчки војнички ? Мајка на една другарка е во армијата !! “ – за Jеф брзо да ја реализира оваа идеја.

Произведено од BMC Toys, кое е дел од VictoryBuy Inc., новиот сет на пластични играчки жени, ќе има 24-тина фигури (54 мм) со 5 класични ликови: Капетанка Базуа, Стоечка Пушка, Пушка за Клекнување и Снајперистка. Овие жени војници ќе го отсликаат класичниот стил на мажите од армијата, од ерата на Втората светска војна и Студената војна.

„Особено сум изненаден од бројот на пораки што ги добив од жени кои сакаа колекција од жени од зелената армија дури од кога биле деца, дури и од жени од 1960-тите години. Многумина со нетрпение чекаат да споделат сет со своите внуци, да им се оствари оваа нивна детска желба. Добив и неколку одлични фотографии од жени – ветеранки со униформа, дури и многу раскажани приказни од историјата за жените во војската и нивната борба “.- раскажува Џеф.

Ќе издвоиме еден од коментарите: „Јас сум жена ветеран од армијата, која служеше за време на конфликтот во Виетнам. Во тоа време, на жените не им беше дозволено да се приклучат во ниедна друга гранка на Армијата, освен како медицински сестри, но од тогаш многу работи се сменија. Тоа покажува дека жените можат да се бранат себеси и  својата земја, исто како и мажите. Ќе  бидам среќна да купам вакви играчки кога ќе бидат во продажба. “- Шери Хорнбергер.

Ваквите проекти, кои ете во почетокот биле само една идеја во главатана Џеф, успеаа да стигнат до многубројна публика низ светот, од најмали до најстари. Пратете писмо, меил, порака..за тоа кој е вашиот сон. Можеби таму некаде има некој кој го мисли истото како и вас и ќе ве поддржи да го остварите тоа.