Во полето на класичната музика сите го паметиме Франц Лист, мистериозниот унгарец со вистински талент и склоност да остава скршени клавири и срца во секој град што го посетувал. Втората, не толку популарна во нејзиното време како и Лист, која можела да се пофали со кариера со која го корне срцето на класичната музичка со изведба која била околу три пати подолга од неговата, била Клара Шуман, жената која книгите за историја можеби и целосно ќе ја заборавеле доколку не била сопруга на Роберт Шуман, еден од најистакнатите композитори на Германија во ерата меѓу Бетовен и Брамс.
Нејзиниот татко, Фридрих Виек, ја дал целата своја енергија и талент во поттикнување на раните музички вештини на Клара, учејќи ја да свири музика преку слух, пред да ја научи да чита музика од листови . Тој се погрижил Клара да има темелно знаење не само за музичките перформанси, туку и за композицијата и теоријата на класичната музика. Веќе на единаесетгодишна возраст, таа била музичко чудо и покрај тоа што нејзиното образование во речиси секоја друга област од животот било целосно занемарено во времето кога Фридрих сакал да ја направи најголемата жива пијанистка на континентот.
Насекаде каде и да настапувала, таа била гледана како чудо, не само заради нејзината техничка умешност, туку и за длабочината на нејзиното чувство и разбирање на музиката. Таа била дванаесетгодишно девојче кое играло со емотивна зрелост на возрасена жена.
Нејзиниот татко ја форсирал, ја малтретирал, ја исмевал и на крај ги земал сите пари што Клара ги заработувала на нејзините настапи. Таа подоцна морала да го тужи за да добие дел од парите што тој ги заработил преку својата ќерка. Неговото влијание оставило голем белег врз животот на Клара, давајќи ѝ добра школа која ѝ користела во бизнисот, но кој оставил последици врз нејзиниот однос со своите деца.
Клара тогаш го сретнала Роберт Шуман и тие стапиле во брак. Таа се борела да пронајде време за вежбање. Концептот на Роберт бил дека нејзините први должности во бракот треба да бидат мајка и жена. Уште пред да се земат, тој ѝ напишал: „Првата година од нашиот брак ќе ја заборавиш уметноста, ќе живееш само за себе, за својата куќа и за сопругот… само види како ќе те натерам да заборавиш на уметникот во себе- затоа што титулата “сопруга” е повисока од уметноста и ако јас го постигнам ова ќе ја остварам мојата најдлабока желба”.
Роберт Шуман подоцна починал од сифилис и Клара после тоа станала свој менаџер, надгледувајќи ги сите детали од нејзините концерти, вклучително и контроверзните решенија на тоа како се правеле концерти во Европа. Концерти што го смениле ликот на класична музичка изведба.
Среде целата загуба и лудило, Клара Шуман изградила професионална кариера што ја направило да се чувствува жива на начини невозможни за време на нејзиниот брак или детството. Таа блескала на сцената и свирела во својот круг на пријатели во кој биле вклучени некои од најголемите имиња во европската музика – Брамс, Јоаким, Стокхаузен и Линд.
Најнови коментари