Општо

Мисицата на Украина дискфалификувана од Мис на Светот заради тоа што е мајка

Вероника Дидусенко (24) ја освои титулата Мис Украина во 2017 година, но нејзината круна ѝ беше одземена кога организаторите откриле дека таа има петгодишен син.

Таа се квалификува за учество на Мис на Светот, но во правилата, утврдени во 1951 година, се наведува дека натпреварувачките и победничките не смеат да бидат во брак или да имаат родено дете/деца.

“Се чувствував лошо затоа што не е само мојата приказна, тоа е приказна за илјадници жени ширум светот кои можеби сакаат да учествуваат, но немаат можност, затоа што тие се мајки“, изјави таа за Би-Би-Си. „Зошто жената треба да биде исклучена од натпреварување, само затоа што е мајка? Нема смисла. Да се биде мајка нема никакви импликации врз мојата способност да бидам професионална, да бидам успешен модел и да ја извршувам мојата работа“.

Дидусенко објави дека ќе преземе правни мерки против Мис на Светот, објаснувајќи дека со овој чекор „ја означува новата фаза во женската заедничка борба за правда“.

Моделката појасни дека не сака да ја врати својата круна, но дека нејзината намера е да ги промени правилата за кои таа вели дека се „системска, широко распространета и меѓународна политика што резултира во дискриминација во голем обем во многу земји“.

Мајките треба да имаат подеднакви права како и сите други  жени, затоа што раѓањето на деца е основно право на една жена. Оваа тужба е можеби еден од најзначајните потези на жена во последниве години за борба на правата на жените.