“Ако жените ја водат секоја земја во светот, ќе дојде до општо подобрување на фунционирањето на многу институции а со тоа и ќе имаме многу повеќе места во светот каде што ќе се живее убаво – изјави поранешниот американски претседател Барак Обама.
Говорејќи во Сингапур, тој рече дека жените не се совршени, но се неспорно подобри од мажите. Тој истакна дека повеќето проблеми во светот доаѓаат од постари луѓе, претежно мажи, кои држат позиција на моќ.
На приватна манифестација за лидерството, Обама рече дека додека бил на функцијата набљудувал како би изгледал светот кога би го воделе жени.
„До сите жени- само сакам да знаете, вие не сте совршени, но она што можам да кажам прилично неспорно е дека сте подобри од нас мажите”- рече тој. „Јас сум апсолутно уверен дека, ако секоја нација на земјата две години ја водaт жени, ќе сe забележи значителен напредок на многу полиња.”
Обама беше претседател на САД од 2009 година до 2017 година.
Останува на иднината да видиме дали оваа теорија би можела да се оствари, а дотогаш нека остане оваа негова порака до сите жени кои се занимаваат со политика да се борат за ваквите позиции.
Најнови коментари