Општо

Словачка-изгласано отфрлањето на нацрт-законот за принуда на жените да гледаат ултразвучно скенирање на ембрионот пред абортус

Правото на абортус треба да биде основно право на жената. Во Словачка жените моментално се борат против отежнатите, пред се психички, тортури при донесување на одлука да абортираат.

После  гласањето за отфрлање на нацрт-законот со кој се принудуваат жените кои бараат абортус да гледаат ултразвучно скенирање на ембрионот или фетусот, Моника Коста Риба, одговорна за кампањите за  правата на жените на Амнести Интернашионал, изјави:

„Денешното гласање е победа за жените и за нивните репродуктивни права. Со отфрлање на овој нацрт–закон, законодавците во Словачка избраа да ја заштитат женската приватност и автономија и да го поддржат секој чекор напред со кој се бориме да ги унапредиме правата на жените.”

Доколку овој закон беше усвоен, законодавството би поставило застрашувачки преседан за Европа, сериозно спречувајќи го пристапот на жените до безбедна грижа при абортус и кршење на меѓународните обврски на Словачка за човекови права. Тоа би ја поткопало приватноста и автономијата на жените и тие би биле подложени на штетна стигма и понижувачко постапување“.

„Ова е огромен триумф за жените и активистите кои зборуваа и се мобилизираа во Словачка, како и на меѓународно ниво. Ние сакаме да им се заблагодариме на сите што превзедоа акција и ги повикавме парламентарците да го отфрлат овој штетен нацрт – закон“.

Одлуката ќе се донесе во Март 2020 година, па останува да се види како ќе се движи состојбата кога станува збор за женското право да одлучува самостојно за своето тело.