Како што ги следиме успесите кои ги нижи Медена Земја, кој освои над 50 меѓународни награди а во моментов е во трка за Оскар и тоа во две номинации, ББС направи статистика чии резултати послужија за да се пронајдат 100-те најголеми филмови на странски јазик на сите времиња. Само четири од 100-те се режирани од жени. Во годишната анкетата за 2017 година, од 100 најголеми комедии имаше четири кои беа режирани од жени. Дванаесет филмови од женски режисери влегоа во 100-те најголеми филмови на 21-от век во 2016 година, но ниту еден од тие филмови не се прикажани во топ 20.
Затоа, во 2019 година ББС го насочи центарот на вниманието на жените режисерки. Резултатот е најголемата меѓународна анкета на БиБиСи : За 761 различни филмови гласаа 368 филмски експерти – критичари, новинари, фестивалски програмери и академици – кои дојдоа од 84 земји, од Авганистан до Зимбабве. Побараа од ист број на жени да придонесат како мажите во креирање на родово балансирана анкета, со 185 жени гласачи, 181 машки гласачи, едно не бинарно лице и еден/една анонимен/на. Секој избирач ги наброја своите 10 омилени филмови во режија на жени и ги рангираа првите 100.
Се надеваме дека сте инспирирани од оваа листа како што сме и ние; тоа е прослава на брилијантноста и извонредната разновидност на филмското работење од страна на жените. Со голем потенцијал ништо чудно во нареднте години и нашиот Медена земја да се најде во едни вакви бројки. Ви ги претставуваме најдобрите 10.
10. Daughters of the Dust (Julie Dash, 1991)
9. Fish Tank (Andrea Arnold, 2009)
8. Toni Erdmann (Maren Ade, 2016)
7. The Hurt Locker (Kathryn Bigelow, 2008)
6. Daisies (Věra Chytilová, 1966)
5. Lost in Translation (Sofia Coppola, 2003)
4. Beau Travail (Claire Denis, 1999)
3. Jeanne Dielman, 23 Quai du Commerce, 1080 Bruxelles (Chantal Akerman, 1975)
2. Cléo from 5 to 7 (Agnès Varda, 1962)
1. The Piano (Jane Campion, 1993)
Најнови коментари